За првпат во Македонија – Schiller, германскиот пионер на електронската музика на The Stars Symphony во Битола

Schiller

За првпат во Македонија – Schiller, германскиот пионер на електронската музика на The Stars Symphony во Битола

Пред само еден ден, Камерен Оркестар ⋮IWConnect го најави доаѓањето на Schiller. Иконата на германската електронска музика –  на The Stars Symphony. Оваа година се одржува за првпат на градскиот стадион во Битола.

Schiller, или како што е уште познат Christopher von Deylen, е синоним за иновативноста во светот на електронската музика. Неговите композиции ја освежуваат електронската цена, и создаваат целосно ново музичко искуство.

Schiller

Во својата кариера, Schiller успеа да издаде многубројни успешни албуми кои го се најдоја повеќе пати на  врвот на музичките топ листи низ цела Европа. Со песни како „Das Glockenspiel“, „Liebe“ и „I Feel You“, тој ги освои срцата на своите слушатели, а за првпат имаме чест да го слушаме и во Битола на 3 јули.

Дојдете и бидете дел од историјата на музиката со Schiller на The Stars Symphony во Македонија. Не пропуштајте ја можноста да бидете сведоци на еден од највлијателните изведувачи во светот на електронската музика!

03.07.2024, 19:00, The Stars Symphony, Градски стадион, Битола.

За повеќе информации за настанот, како и за билетите, посетете ги профилите на Камерен Оркестар на Facebook и Instagram.

ПР Текст