Ева Мендес и Алиша Кис се колнат во оваа диета. Диетата од 5 фактори е револуционерен план на Харли Пастернак. Харли е нутриционист и фитнес тренер. Гарантира дека со само пет недели и пет едноставни оброци дневно ќе имате „фит“ тело и виталност.
Што го прави овој план за диета толку посебен?
Диетата трае само пет недели – тоа е првиот фактор. Ако ви се допаѓа, може да стане вашиот нов начин на живот. Вториот фактор е бројот на оброци дневно, кој мора да биде пет. Со пет оброци на ден ќе ги задоволите сите ваши нутритивни потреби. И ќе ги стопите килограмите без да гладувате.
Што вклучува еден оброк?
Вашите оброци мора да содржат пет есенцијални состојки:
Посни протени
Јагленхидрати со низок гликемиски индекс (мешунки, ориз, слатки компири, овес, сливи, праски, јаболка, портокали, круши)
Влакна
Здрави масти
Два литри вода или незасладен чај
Како да вежбате?
Вклучете 25 минути тренинг во вашата дневна рутина. Харли Пастернак препорачува:
Пет минути загревање
Десет минути анаеробни вежби со тегови
Пет минути вежби за релаксација
Овој едноставен план ќе направи вашето тело да ги почувствува промените брзо и ефикасно.
Образец за исхрана
Појадок: житарки со најмалку 5 грама протеини(сирење со малку маснотии, пилешка салама) и 5 грама влакна(овошје или зеленчук). Ако преферирате потопол оброк, подгответе омлет од белки со зеленчук и овесна каша варена во млеко.
Ручек: супа, посни протеини(пилешко, мисирка или риба), едноставни јагленхидрати(ориз, овошје, зеленчук) и салата.
Вечера: исто како ручекот.
Закуски: помали оброци според принципот на 5 фактори (посни протеини, едноставни јагленхидрати, влакна, јаткасти плодови и вода).
Следете ги овие едноставни насоки и за пет недели ќе бидете во најдобра форма како вашите омилени ѕвезди!
Едноставната структура на планот го прави лесен за следење. Разновидноста на дозволените намирници во диетата од 5 фактори, гарантира дека никогаш нема да биде здодевно. Покрај физичките придобивки, следбениците на диетата од пет фактори, забележуваат и подобрување на нивото на енергија и ментална јасност.
Диетата од 5 фактори има одлична карактеристика: можете лесно да јги приспособите оброците според вашите лични преференци. Тоа ја прави диетата од 5 фактори, одржлива на долг рок. Оваа диета може да се адаптира на вашиот животен стил.
Ете затоа, Ева Мендес и Алиша Кис се колнат во диетата од 5 фактори.