,,На гости кај Кате и Фреда” – Бабец театар, денес со детска претстава

detska pretstava детска претстава

…И како што кажавме во еден од нашите текстови:„ Театарот е слух за доброто, пост и поздрав за убавото. Извик на душата, повик кон свесноста!“ Се сеќавате ли како малечки кога ќе не водеа на театар? Кога ќе се „стопевме“ на црвените фотелји и ќе уживавме во оној друг свет пред долгата црвена тешка завеса. …И едвај чекавме да се крене. Едвај чекавме да видиме што има внатре во таа приказна… Да ја почувствуваме таа магична сцена… И денес го имаме истото чувство, но време е да го разбудиме. Време и вашите деца да ја допрат таа магија. Таа театарска магија. Да гледаат уште една брилијантна детска претстава.

Играат: Кате – Јулијана Мирчевска

Фреда – Катерина Аневска

– Дранговска Миранда – Марија Стефановска

Режија: Јован Ристовски

Премиера 6 јуни во 18:00 часот на Нова Сцена во Центар за култура

детска претстава

Детската театарска претстава „На гости кај Кате и Фреда“ е дел од годишната програма на Министерство за култура и е финансиски поддржана од официјалниот партнер Комерцијална банка АД Скопје.