Мрежестите балетанки се доминантниот тренд за летото! Се појавија на нозете на инфлуенсерките уште од 2022 година. Се сeќавате на виралниот модел Alaïa? Ова лето добија поголема преобразба со авангарден изглед на мрежеста балетанка.
Брендовите како Zara, Mango, H&M, Reserved…понудија многу опции за сите кои сакаат стилски пар рамни чевли беа да ја исклучат целата плата.
Овој модел го посакуваат и жените кои до сега не ги претпочитале балеринските стилови. Нивната удобност и мекост ги прават особено популаарни во летните месеци. Но, треба да бидете внимателни во случај на нестабилно време. Не ни помислувајте да ги носите кога врне.
Мрежестите балетанки се елегантен и модерен избор за онаа која сака да се истакне со стил и грациозност. Мрежестите балетанки со својата деликатна, нежна текстура, придонесуваат за изградба на визуелен идентитет што ја одразува убавината и смелоста.
Овие чевли се носат во комбинации со долги здолништа, фармерки и макси фустани. Инспирирани се од традиционалните јапонски обувки. Мрежестите балетанки? You must have them.