ВИДЕО:Етиопјанка тврди дека не јадела и пиела веќе 16 години

Божјо чудо - Етиопјанка тврди дека не јадела и пиела веќе 16

Божјo чудо! Мулуворк Амбав, млада жена од Етиопија, тврди дека не консумирала храна или пијалоци повеќе од 16 години. Божјо чудо! Оваа неверојатна приказна го привлекува вниманието на научници, медиуми и јавноста ширум светот, иако останува неизвесно дали е вистинита.

На десет години, Мулуворк одеднаш го изгубила апетитот. Нејзиниот последен оброк бил чорба со црвена леќа, типично етиопско јадење. Оттогаш, таа вели дека не почувствувала потреба за јадење. Интересно, таа живее нормален живот. Готви и ги извршува секојдневните задачи со доволно енергија. 

божјо чудо

Мулуворк направила неколку медицински тестови во Етиопија, но, никој со сигурност не може да ја потврди нејзината приказна. Лекарите во болницатаво Адис Абеба забележале дека во моментот на прегледот не постојат докази за храна во нејзините црева.

Приказната на Мулуворк стана виралана по посетата на популарниот You Tuber Дру Бински кој ја документираше нејзината приказна и ја сподели со светот. Ова не прв пат Амбав да биде во центарот на вниманието. Во 2016 година, нејзината приказна привлече новинари и ТВ репортери во нејзиното мало село.

Во 2021 година, премиерот на Етиопија организирал медицински тестови за Мулуворк во Дубаи. Иако тестовите не откриле ништо необично, не е јасно дали таа била под опсервација за да се потврди нејзината способност да преживее без храна и вода.

„Немам што да кажам. Тоа е божјо чудо и едноставно го прифаќам.“ – вели Мулуворк

Науката е скептична, бидејќи најдолгиот документарен период без храна и вода е 18 дена, забележан од човек кој бил уапсен и заборавен. Тврдењето на Мулуворк дека преживеала 16 години без течности е тешко за верување.

Мулуворк Амбав останува феномен кој предизвикува зачуденост и неверување. Јавноста се прашува дали навистина постојат необјасниви божји чуда.