Македонските џезери со триумфални настапи во Тирана! Македонските џезери во Тирана, овој викенд ја освоија оубликата. Тирана, овој викенд беше сведок на неверојатни музички перформанси од македонските џезери кои настапија на престижниот Албанија Џез Фест.
Националниот џез оркестар како претставник на Македонскиот Културен Центар во Тирана и џез групата „Сетстет“ под етикетата на „ПМГ џез“, приредија незаборавно музичко доживување кое долго ќе се памети.
Бесим Петрела, директорот на Албанија Џез Фест не го криеше своето восхитување:„Нашите гости од Македонија се вистински генијалци. Благодарни сме што ни ја донесоа својата магија во начиот град.“ – изјави Петрела со што го потврди високото ниво на изведба на Националниот Џез Оркестар.
Оркестарот ја воодушеви тиранската публика со разновидниот репертоар. Истиот опфаќа од класичен џез и свинг до композиции на култната македонска група „Леб и Сол“.
Но, тоа не бече сè! Џез групата „Сетстет“ ги воодушеви присутните со својата уникатна музичка изведба. „На моменти, нивната музика делуваше како сцени од филмовите на Џармуш и Алмодовар. Нашите музичари настапија со таква самодоверба што оставија силен впечаток кај тиранската публика која ги награди со громогласен аплауз и неизмерно внимание.“ – изјавија организаторите.
Овие настани го потврдуваат високото ниво на македонската џез сцена. Поставија нови стандарди за музичката креативност и изведба на Балканот.Во четврток, 16 мај, Тирана повторно ќе биде домаќин на уште едно возбудливо музичко доживување – настапот на „Џамбо Агушеви оркестар“ на фествалот „Облаци“. Публиката со нетрпение го очекува нивниот спектакуларен настап.