Велигден – Што го прави толку посебен?

Велигден! Што го прави толку посебен во овие моменти на непогоди кога се чини дека сè е загубено!

Воскреснувањето не е само вербална идеја, туку искуство на трансформација. Секој нов ден е шанса да се претвориме од обични во извонредни, од сива рутина во музичко капричо како жива мелодија.

Велигден нè потсетува дека постои надеж, обнова и возможност за нов почеток.

Секој Велигден го носи пикот на значењето на обновата, затоа што во секој нов Велигден живее промена и воскресение.

Христијанството, примерно го смета воскресението на Исус Христос како најважно случување во верската историја. Тоа е симбол на победата над смртта и најава на вечен живот која подразбира радост, мир и единство со Бога. Тоа е состојба на совршенство и извор на бесконечно спојување со Божјото присуство и мудрост како дух на колективната свест.

Овде, сите учесници се предаваат на Бога со доверба и мудрост од причина што ја имаат убедливата вера дека Неговата волја е во најдобар интерес на сите.

Во оваа состојба на хармонија, луѓето се чувствуваат целосни и исполнети затоа што се водени од нешто поголемо и посветено кое ги надминува земските индивидуални разлики и ги обединува во љубов и  мир. Токму затоа, душата се поврзува со вечноста, надвор од просторот и времето. Истата е локализирана во  умот, срцето и духот: здрава свест, емоции и смисла за живот.

Божјата мудрост е носител на душата и може да се преслика како генетски код на продолжување на духовниот живот или преродба. Во Евангелието според Јован, Исус вели:

„Јас сум воскресението и животот. Кој верува во Мене и ако умре, ќе живее; и никој што живее и верува во Мене нема да умре вечно.“( Јован 11:25-26)

Така, воскресението станува извор на надеж и водство во верската вера. Замислете го прашањето на Светиот Павле во библиските записи како дел од неговата проповед за воскресението на Исус Христос: „Смрт, каде ти е победата? Смрт, каде ти е осилото?“-( 1 Коринќаните 15-55)

Ова триумфално изразување е потврда за присуството на моќниот момент на промена и победа. Тој го прославува воскресението на Христос како победа над смртта и го изразува своето чудење од оваа неверојатна моќ. Таа вера не е изолирана од нашите секојдневние туку тесно поврзана со истото. Велигден нè потсетува дека има надеж во спасение и обнова, кога сме преоптоварени со проблеми или разочарани од животните околности. Секој нов Велигден нè повикува да се сетиме на воскресението на Христос. Тоа значи да го прифатиме исцелувачкиот потенцијал на обновата. И повторно се повикуваме на Св. Апостол Павле како триумф на радост:

-Еве! Ви кажувам тајна: не ќе умреме сите, но сите ќе се измениме;

-во еден миг, во миг на окото, при гласот на последната труба: имено трубата ќе затруби и мртвите ќе воскреснат нераспадливи, а ние ќе се измениме;

-зашто треба ова распадливото да се облече во нераспадливо; и ова смртното ќе се облече во бесмртност, тогаш ќе се збидне напишаното слово: „Победата ја проголта смртта“

-Осилото на смртта е гревот; а силата на гревот е законот;

-Но, фала му на Бога, Кој ни даде победа преку нашиот Господ Исус Христос;

-Затоа, бидете цврсти, непоколебливи, секогаш пребогати во Господовото дело, знаејќи дека вашиот труд во Господ не е напразен.

пишува Ромина Марковска