Добитник на годишниот „Златен објектив“, традиционално признание што го доделува Кинотеката на Македонија по повод нејзиниот роденден, е познатиот сценарист, режисер, продуцент и автор. Еминентно име во македонската филмска сцена – Столе Попов.
„Попов, како што наведува Кинотека, ја задолжи националната кинематографија не само со својот наградуван филмски опус, туку и со својот педагошки и менаџерски ангажман на полето на филмската уметност и филмското образование.“ – пренесува nezavisen.mk.
Едни од најпознатите наслови на негови филмови се „СРЕЌНА НОВА ‘49 (1986)“; „ТЕТОВИРАЊЕ (1991)“; „ЏИПСКИ МЕЏИК (1997)“; „ДО БАЛЧАК (2014)“.
„Златниот објектив“ ќе се додели на свечената манифестација што ќе се одржи кон крајот на мај оваа година. Таму, во просториите на Кинотеката на Македонија ќе му биде доделено признанието на веќе споменатиот добитник Столе Попов.
Околу неговато творештво и оваа награда, прочитајте повеќе на изворот за информацијата.