Шокантна вест – Воз во Јапонија задоцнил 17 минути! – И Јапонија не е то шо беше!

Е нема бате ко кај нас, касни автобусот, касни таксито, касниш за на работа, касни системот, пасошите. И фала Богу и со закажан термин, пак ќе закасниш. Нема сине… тој ден си го букираш оти ништо не се знај. И кај нас касни возот оти горе кај Богомила често се дешава да закочи работата и… Ма дајте кој воз касни, еден е тој е…

Епа ако кај нас е шок вест некој да стигни на време, кај јапонците е скрос поинаку.

Имено, станува збор за воз во Јапонија кој задоцнил 17 минути. Ех веќе, се изначекале, шо е за нас то. Да не се знаело ништо лагано да се прај. Сѐ под туража и притисок.

воз

…И така, сите во паника шо се деси, морало да слушнат јака причина оти инаку нервоза вриела кај јапонците. Медиумите во прашалници, народот во хаос. Ало! 17 минути!

И конечно причината… Уствари и имало добра причина. Добра или бизарна. Во вагонот влегла змија. Веќе за една змија се испотресиле…Тих тих..„Повеќе од 600 патници морале да се префрлат во друг воз бидејќи Шинкансен бил исклучен од мрежата, а змијата подоцна била фатена.“ пренесува reporter.mk

Змијата била долга 40 сантими, доволно да ти ја земи свеста. Али она шо е сумничаво е оти се претпоставува дека некој ја внесил внатре во возот. Се има уљандисано некој јапонец или… Пак ќе речиме ова се некако личи оти е балканец. Колку тензија тро да се напрај!