„Во Македонија има многу таленти, креативци, на кои им е потребен само мал поттик за храбро и цврсто чекорење во светот на модата!“ – За „Креативен ден“ раскажува тим од Охрид

Редовно штом ги правам интервјуата со тимовите на „Креативен ден“ имам чувство дека зборувам со луѓе кои имаат неверојатна страст и непоколеблива моќ кон она што го работат. И сета таа возбудлива страст знаат да ја пренесат… Да те поттикнат и тебе да бидеш дел од таа фантастична креативна фузија. Себично, но јас за едно со тимот на „Разбуди се“ станавме дел од неа. Така, со оглед на досегашното искуство, срдечно ве покануваме да станете дел од настанот. „Креативен ден“ ќе се одржи на 1ви Јуни 2024 (Сабота) во 20:00 часот во просториите на КИЦ Офицерски Дом Битола.

За Креативен ден

„Креативен ден“ не е само презентација на модни брендови и парчиња, не е само урбан крик за модата во градот. Пораката е подлабока од тоа и ги поттикнува и мотивира младите да учат занаети, побрзо да стекнуваат финансиска независност, поттикнувајќи го претприемништвото и имплементацијата во заедницата.

ЗА ПОТСЕТУВАЊЕ ИДЕЈАТА ЗА НАСТАНОТ „КРЕАТИВЕН ДЕН“, Е НА ПРОФЕСОРКИТЕ АНИТА СТЕФАНОВСКА, ЕМА ЌУКА И ЖИВКА ТАНУШЕВА ИЦАНОСКА ОД ТЕКСТИЛНАТА СТРУКА ВО СОУ „ТАКИ ДАСКАЛО” БИТОЛА И ВЕСНА БОЖИЛОВИЌ ОД ПРОДУКЦИЈАТА „БОЖИЛОВИЌ”. СО ОВА, ТИЕ ПОТТИКНУВААТ ВРАЌАЊЕ НА ДОВЕРБАТА И ИМИЏОТ НА СТРУЧНИТЕ УЧИЛИШТА, А ,,PERWOLL RENEW”, СО ЗАДОВОЛСТВО СЕ ПРИКЛУЧИ НА ИДЕЈАТА.МОДНИ ДИЗАЈНЕРИ ЗАЕДНО СО УЧЕНИЦИТЕ, МЛАДИТЕ, КРЕИРААТ. А ПОТОА ПОЗНАТИ И УСПЕШНИ ДАМИ ИМААТ УНИКАТНО ЗАДОВОЛСТВО ДА ГИ НОСАТ НИВНИТЕ МОДЕЛИ. 

Оој пат зборувавме со тимот од Охрид, што покажува на фактот дека иницијативата да се сфати сериозноста на настанот е поголема од границите на конзулскиот град. Зборуваме со Екатерина Петреска, модниот дизајнер, Бисера Нечовска дамата што ќе ја носи креацијата и ученичката Андреа Ризовска.

Најпрво нашите љубопитни прашања се концентрира кон Екатерина Петреска. Моден дизајнер со големо искуство и докажана историја во однос на текстилната индустрија.

За Креативен ден

За Креативен ден