Во епизодата Deutsche Musik средношколците од Едукативен Центар Едусфера зборуваат за најдобрите германски пејачи. Aктуелни, но и за оние кои веќе станале евергрин.
Едусфера е едукативен центар и место каде се негуваат индивидуалните таленти на ученици и во склоп на активностите, секогаш на учениците им се нуди шанса за развој и напредок. Шанса со насмевка да го прават тоа што сакаат. Па така, во епизодава пејат, свират и раскажуваат за германските пејачи, секако на германски јазик!
Истражуваа за Marius Müller Westernhagen, го спомнаа Herbert Grönemeyer со апсолутниот хит „Currywurst“, и Klaus Meine кој со својот бенд Scoprions испиша историја, посебно со песната „Wind of change“.
Актуелните германски пејачи пеат меланхолични песни кои изобилуваат со емоции и позитивни пораки!
Max Giesinger веќе од 2012 е помеѓу десетте најдобри пејачи во Германија. Со секоја нова песна успева да го задржи нивото. Маrk Forster – ОМИЛЕН помеѓу младите. Пејач, чии песни изобилуваат со мотивација и позитивна енергија и се пејат насекаде! И се разбира Cro, чиј успех лежи во смелите текстови и танцувачки битови. Но, малку и во таинственоста, впрочем тој секогаш го крие својот лик под маска.
Нивниот предлог од германската музичка сцена, погледнете го во видеото подолу во текстот, веднаш под видеото на средношколците кои за нивното видео заслужуваат голем аплауз.