Меркур е ретрограден! Совети за секој хороскопски знак

Меркур е ретрограден

Меркур е ретрограден – удар на хаосот!

Кога Меркур игра ретроградно воопшто не е време за уживање. Од 1ви до 24ти април  ќе го почувствуваме ударот на хаосот. Ќе има нејасни комуникации и сплетки во односите. Ретроградниот Меркур се поврзува со периоди на ревидирање и рефлексија. Ова време често го блокира текот на договорите и плановите.

Што ни советуваат ѕвездите?

Важно е да се биде толерантен и стрплив, прилагодлив на промените и фокусиран. Кога Меркур е ретрограден, време е за самопреглед.

Овнови, време е за интроспекција! Истражете го својот пат па макар и да ве критикуваат. На крајoт на денот, само вистинските пријатели ќе останат.

Бикови, овој месец слушајте ја вашата интуиција. Дури и без план ќе завршите таму каде што треба да бидете. Верувајте дека ги имате сите одговори во себе  иако иднината можеби изгледа непредвидлива.

Близнаци, вашиот тим е тука за вас дури и кога не знаете што да правите. Заедно, нема пречка што не може да се премине. Да, најважно е да не се откажувате!

меркур friends

Ракови, овој месец треба да се фокусирате на работа. Не може сите да бидат успешни, но вие можете да бидете. Одете таму каде што ви е срцето и парите и ќе ја најдете смислата.

Лавови, не стојте на место. Излезете од вашата комфорна зона и ќе откриете нови прилики. Контролирајте ги одлуките и сепак, погледнете што ви носи среќа, а што е само тежок товар.

Сега е време да направиш разлика помеѓу „морам“ и „сакам“. Ако нешто те спречи да го следиш својот пат, пушти го, најверојатно ќе рабере дека ти си бил во право.

Ваги не претерувајте со брзи одлуки. Важните моменти што ги посакувате ќе дојдат кога ќе дојде време за нив. Размислете околу приоритетите пред да донесете одлуки по било кој основа.

Шкорпии , не се  плашете од губењето на врските. Тоа само прави место за нови. Тешки одлуки доаѓаат , но ќе ви помогнат во вашето лично напредување.

Стрелци, заборавете го минатото и фокусирајте се на иднината. Време е за повторно поврзување со себе. Не се заморувајте непотребно. Што поминало, поминало!

меркур past

Семејството е најважно. Не се фокусирајте само на работа и пари. Најголемата победа е кога сте во мир со себе и во мир со блиските. Само  тогаш се отвораат сите врати.

Водолии, помагајте им  на другите да ги видат нивните квалитети. Ќе целите кон интересите на колективот, а тоа ќе ви донесе лично задоволство.  За да влезете во оваа улога, бидете отворени и за вашите желби.  Не се сомневајте во своите способности.

Ќе се обидете да залечите одредени рани од минататото. Секоја лекција ќе направи терен за трпение. И самото трпение ќе донесе соодветен момент на задоволство.