Новата ера на електрични теренци – BMW iX3 2026

BMW iX3 2026 – Новата ера на електрични теренци – Лидерска иновација во возењето со e EV! BMW ќе го прошири своето портфолио на електрични возила со најновиот iX3 за 2026та година, обележан со својата иновативна EV технологија.

„ЕV иновација“ се однесува на секој напредок и промена. Напредок што ги прави електричните возила екстра ефикасни со супер перформанси и намалување на нивната зависност од фосилни горива. BMW iX3 е модел на електрично возило(EV) произведено од BMW. Тоа е електричен теренец. Се базира на платформата на гасниот модел X3. IX3 зе претстави како дел од BMW-овата серија на електрични возила, исто како и i3 и i4. Ова возило е дизајнирано да биде интегрирано во иднината како стратегија на BMW за електрификација на нивното автомобилско портфолио.

BMW iX3

BMW iX3 се очекува да стартува од околу 60 000 долари. Претставува модерна интерпретација на теренецот со својата всоко -ефикасна платформа, моќни погонски системи и впечатливи возачки перформанси. 

Со почетокот на ерата на Neue Klasse платформата за ЕV, iX3 нуди маестрални можности за возење вклучително и брзо време за полнење и голем опсег од  над 300 милји, еквиваленти на приближно 482 километри. Деталите за самото возило сѐ уште се загатка! Концептот на оваа нова генерација на BMW гарантира футуристички стил и напредни технолошки функции.

Иако цените сѐ уште не се потврдени , се очекува iX3 да биде достапен во неколку различни модели на варијанти со погон на задните тркала и сите тркала.

И модел  со двоен мотор, хипотетички обележан како М50. Со ова ново додавање во портфолиото на BMW, се очекува да се задоволат потребите на возачите за модерни,  високо- перформансни  електрични возила со софистициран дизајн, висок степен на луксуз и напредни технолошки иновации.

BMW iX3 со својата елеганција, комбинација на стил перформанси и еколошка одговорност, се дефинира како луксузен пејсаж на автопат во иднината. Ако бидете покрај воланот на BMW iX3 ќе доживеете едно совршено синхронизирано искуство на врвни перформанси.