Монодрама – Кога фантазијата и имагинацијата на авторот, ги пренесува еден човек кој ја раскажува приказната на креатарот… Само оваа изведба го умее тоа.
Како основа на секоја претстава е драмскиот текст, а тоа особено се однесува на монодрама. Презентирајќи го како монолог, исповед, а не само како текст напишан за едно лице дефиниран како монопиеса, е особен труд зад кој се потпишува драмскиот писател.
За исполнување на потребата да се афирмира и развие современата драматургија кај нас, се распишува анонимен конкурс за монодрамски текст. Имено НУ Центар за култура – Битола, стои како име кое го распишува овој конкурс, а за истиот нагласува:
„Целта на нашиот конкурс е да инспирираме создавање нови (моно)пиеси, со висока уметничка вредност, кои ќе можат да се поставуваат на сцените на нашите театри/но и во други објекти од културата: музеи, библиотеки, образовни институции.
Со тоа ќе учествуваме во развитокот на современата
драматургија кај нас.
Натаму, предвидуваме,преку распишување на анонимен конкурс за монодрама, професионалното жири да додели, прва , втора и трета награда, кои би биле во паричен износ и да откупи пет други монодрамски текстови, со што, со посебен правилник би бил регулиран конкурсот и авторските права за текстовите, кои би биле испечатени во книгата. Промоцијата на книгата би се одржала за времетраењето на Интернационалниот фестивал на монодрама, а од следната година, Центарот за култура од Битола би се јавил како продуцент на монодрамска театарска претстава, базирана на овие текстови.
Можеме да посведочиме дека монодрамата навистина има свои почитувачи и, сакајќи да го обновиме овој проект за следната година, кој би ги афирмирал, пред се домашните автори, во овој жанр од театарот и литературата.
Конкурсот ќе биде објавен на 1-06-2023 и ќе трае до 30-09-2023 год.
Ракописот мора да биде на македонски јазик и неговото кирилско писмо, анонимен со шифра и испратен преку пошта на адреса на НУ Центар за култура 7 000 Битола, со назнака –за монодрамски текст-да се испраќаат по три печатени примероци, а со четвртиот ќе се докажува сопственоста.
Одлуката на жирито ќе биде објавена во текот на месец декември, 2023 год.,преку веб страната на НУ Центар за култура,Битола,како и во електронските и печатените медиуми.“