Јапонски матени јајца, откриваата тајна. Јапонските матени јајца во текот на последните месеци станаа ѕвезда на мрежата. Со својата воздушеста структура, веднаш го привлекоа вниманието на гурманите, ширум светот.
Од моментот кога ќе ги пробате јапонски матени јајца на овој начин, веројатно ќе заборавите на сите други начини на подготовка на матени јајца. И воопшто не е тешко да се направат!
Дозволете да ви го претставиме рецептот на јапонски матени јајца во неколку чекори. Ќе ви требаат следните состојки:
4 јајца
1лажичка вино за готвење
2лажички соја сос
половина лажичка шеќер
малку супа од кесичка измешана во многу малку вода(една лажица е доволна) и
малку путер
Како се приготвуваат јапонските матени јајца?
Прво, виното, шеќерот и супата се мешаат во малку вода и притоа да се внимава да не се создаде пена. Загрејте малку путер во тава на средна температура и истурете околу една третина од смесат со јајца. Кога ќе се стегне малку, истурете половина од преостанатата смеса и ролнете го во просторот на тавата. Повторете ја оваа постапка сѐ додека ја искористите смесата со јајца.
Ова е тајната зад виралниот рецепт што ќе ги освои вашите вкусни чувства.