Верувате ли во судбина? Зошто баш Вие го читате овој текст?

Судбина или случајност?

Веројатноста дека ,,можеби” дури 80 проценти од светската популација во моментов пие кафе, е голема. Истата веројатност би ја поделиле на две половини доколку би ги дефинирале луѓево на кафеџии и едноставни ,,ритуалџии” или оние кои набрзина го пијат кафето. Ако останеме на овие едниве 40, би заклучиле дека кафето е култ, не е навика. Кафето ти го бара душата, мозокот, понекогаш ти го смирува хаосот, ти го величи моментот, а некогаш и ти го создава тој хаос. Но, остануваш достоен на таа дрскост и го прифаќаш како омилен пијалок.


Од тие 40 проценти половина се ветени на кафе и поглед во далечина, а половина ги држат телефониве во раце. Ако од 20 би пресекле на половина, би останале 10 кои го читаат овој текст. Ако веруваме во некои мозаик кој универзумот го вклопува, денес вие сте оној кој не се вклопува. Па тогаш зошто баш вие? Токму затоа, можеби овие мисли се за вас. А како се најдов јас во овој процент, тоа ни самите креатори на мозаикот не би го знаеле. Или можеби го знаат!

Ако сакаш да постигнеш успех, престани да бараш дозвола!

Биди среќен не затоа што се е добро, тука затоа што го гледаш доброто во тоа СЕ!

Ако се погледнеш во луѓето што стојат во круг околу тебе и не се инспирираш, ти не си во круг. Во затвор си!

Понекогаш чудата се наоѓаат во едноставни луѓе. Слушнете ги, побарајте ги, послушајте ги!

… И ако не можете да го најдете сонцето, ДЕНЕС бидете вие тоа сонце! Денес направете нешто добро, затоа што тоа можеби еден ден, ќе биде ваша карма.

Убавината не е во тоа што ќе облечете! Убавината е во тоа што неа ќе ја видите во другите и ќе заборавите на вашето его! Денес погледнете ги другите!

Животот не мора да биде совршен за да биде прекрасен!

Престанете да се трудите да ја смирите бурата! Смирете се вие и бурата ќе помине.

Секогаш си на чекор пред тотално поинаков и подобар живот! Разбуди се и направи го тој чекор!