Луксузен јапонски воз, ја менува играта на патувањето. Овој јапонски луксузен воз е чудо на дизајн и комфор. Ги поврзува Осака, Нара и Кјото. Јапонците го викаат Аонијоши.
Секој дел од неговата конструкција е дотеран до совршенство. Надворешноста на овој луксузен воз е во виолетова боја. И не само што е убава за окото, туку и порака за царското минато на Нара, своеобразен печат на историјата која оваа локација ја носи. Внатрешно, просторот е мозаик на шари на птици и цвеќиња. Со ваков ентериер се дава преглед на културното богатство на Јапонија.
Туристите уживаат, па макар биле тоа и долги пет саати. Забораваат на времето додека уживаат во високите седишта сместени покрај прозорците. Вкупниот број на седишта е 84. Овие што се сместени до прозорците, наменети се за парови. Има и салонски седишта за три до четири патници кои се одвоени од преминот со преграда.
Ако се случи да ви „забрза гладот“, барот во вагонот на овој луксузен воз е таму за да ги задоволи вашите апетити со лесни оброци и пијалоци.
Со редовен распоред на сообраќај шест пати на ден, овој лукзузен воз е како ваша лична врата-во-врата, водич низ овие историски богатства.
Но, не заборавајте, влезете со резервација напред, бидејќи овој Јапонски луксузен воз е толку популарен што местата брзо исчезнуваат.
И ова не е само патување од точка А до точка Б, туку есенција на удобно и стилско патување низ земјата на изгрејсонцето. И се ужива во секој момент во луксузниот воз Аонијоши при секое повторно патување.