Во сликата на Ланде Алцхајмер, едно мало француско село со необично име, се крие една приказна што од некој аспект восхитува. Во срцето на југозападна Франција, подалеку од бучавата на светот, сите жители живеат со дијагноза на деменција. Но, необичноста, не завршува таму.
На овие жители не им треба паричник за да влезат во продавницата на главниот плоштад. Но, не затоа што се богати, туку затоа што секојдневието во Ланде Алцхајмер има друга вредност. Тука, парите немаат значење. Наместо нив, цената се поставува на моментите, спомените и насмевките.
Во ова уникатно село, животот тече поинаку. Нема притисок, нема строги распореди и жителите го чувствуваат пулсот на заедницата околу нив. Тука, среќата се наоѓа во наједноставните радости на секојдневието. И како таква, дава јасен знак дека и во најнеобичните места, среќата е возможна.
Ланде Алцхјмер обезбедува слобода и сигурност. Селото е под континуиран, но дискретен надзор. Резултатите од истражувањата ги потврдуваат благотворните ефекти врз текот на болеста. Семејствата во Ланде Алцхајмер се мирни и спокојни, знаејќи дека нивните блиски се во грижливи и сигурни раце.
Ланде Алцхајмер е репер за секој хабит на живеење. Ова село не обезбедува само медицинска заштита, туку и емоционална поддршка. На ваков апсолутно хуман и восхитувачки начин, француското село креира оаза на мир за сите оние кои се соочуваат со деменција. Погледнете го видеото кое го опишува животот во ова село, па сами одлучете дали можеби ним им е подобро од нас.