Поставен под сончево-жолта тенда десно од величествената фасада на Дорчестер, преминувањето на прагот на Cake & Flowers е како да влегуваш во земјата на чудата.
Автентичниот парфем на сезонските цвеќиња се меша со мирисот на свежо печените слатки, колачи, торти… Оваа слаткарница ја нарекуваат рај со пастелни нијанси. Белиот мермер и луксузните допири на злато се дело на ценетиот Пјер-Ив Рошон, а под блескавите стакла ѕиркаат извонредни слатки, торти и рачно изработени чоколади.
Филип Хамонд е името кое се потпишува зад дизајнот со цвеќе, а шефот кој е главниот виновник за фантастичниот вкус на колачите е Мајкл Кван.
Под влијание на француска инспирирација, во оваа слаткарница може да најдете неодоливи вкусови и вистински хедонистички слатки задоволства во микс со миризби на цвеќе што драматично го „романтизираат“ моментот: пуканките Париз-Брест со софистициран мизо карамел или етеричната роза Дорчестер, која содржи мус од рози и јасмин, компот од круша и бадем.
Понекогаш крајната дестинација на колачите и слатките задоволства изработени од вистински виртуози, завршуваат во уникатно подготвнеи кутии како шик подарок.