За денот на вљубените, секоја црвена роза носи во себе нешто повеќе од самата своја убавина. Розата со црвена боја е израз на љубовта и нежноста, но има и вкоренето длабоко значење во културата на живеење. Зошто е прва асоцијација за денот на вљубените? Што се крие зад цела таа приказна?
Некои приказни и преданија, раскажуваат дека токму овој цвет се поврзува со љубовта. Еве неколку занимливости околу оваа тема:
-Првата црвена роза била создадена кога грчката божица Афродита била изгребана од трн на бела роза, поради што розата станала црвена
-Црвената боја на роза порано била особено скапа и тешко се добивала. Меѓу другото, таа некогаш била и синоним за кралско семејство“ – вели д-р Сара Клето, (фолклорист) во Readers Digest.
-Другата страна на приказната е дека „првата црвена роза израснала на земјата каде што умрел Адонис, љубовникот на Афродита, Токму на тоа место, паѓале солзите на божицата“.
-Друга приказна, истприски гледано, Лејди Мери Вортли Монтагу, сопругата на британскиот амбасадор во Турција во текот на 1700-тите е жената која се поврзува со денот на вљубените, токму поради нејзината перцепција за поврзувањето на розите и љубовта. На луѓето тоа гледиште им се допаднало, па така трендот се проширил. Од црвената роза најфасцинирани биле во Англија од 19 век. Токму тогаш, овој цвет бил најголемиот симбол на љубовта.
Како и да е и што и да раскажуваат легендите, преданијата и историјата, веруваме во една вистина. Овој цвет ја носи пораката на љубовта, па ако сеуште немате идеја што да подарите на 14ти, подарете барем една роза. Поракаата ќе биде јасна.