Извонредната светски позната актерка Моника Белучи, која краси многу насловни страници од познати списанија, остави своја наследничка. Нејзината ќерка Дева Касел, последните години успеа да го задржи фокусот на новинарското око ширум светот и е во центарот на вниманието.
Имено Дева за многумина личи на нејзината мајка, а со тоа што ги следи нејзините постапки, оваа убавица веќе има 970 илјади фанови кои ја следат на Инстаграм. Иако порасна далеку од очите на јавноста, ќерката на Белучи и Винсент Касел, одлучи да тргне по нивните стапки.
„Навистина го ценам фактот што моите родители никогаш не ме принудија да работам нешто што не сакам. Секогаш ми велеа дека можам да бидам што сакам, поради што бев многу отворена во различни домени.“, изјави Касел во интервју за магазинот Glass.
Имено пред извесно време, сегашниот фото модел изјави дека не и пречело да стане и актерка, па така деновиве посетува и драмски работилници: „Знам дека тоа е тешка професија, чие усовршување бара многу време и многу лични вложувања“, изјави Дева.
Деновиве, во манакенските води, таа станува се поуспешна, а папараците ја снимија во Рим додека работеше на најновата реклама за брендот Dolce & Gabbana.
Имено се зборува дека убавицата ќе глуми во серијата што ќе се прикажува на Нетфликс и можеби ова ќе биде нејзиното прво искуство во филмската индустрија. Станува збор за серија инспирирана од италијанскиот филмски класик во режија на Лучино Висконти, кој го освои Златниот лав во 1963 година. Во филмот глумеа Клаудија Кардинале, Ален Делон и Бурт Ланкастер.
Дева ќе ја игра Анџелика Седара, млада жена од средната класа која станува катализатор за општествените превирања во позадината на социјалната револуција во Сицилија во 1860-тите.