Најавена Балканска Турнеја на Групата „Фрајле“ – Наскоро концерт и во Битола

„Фрајле“ го одбележува своето 15-годишно постоење со најава на балканска турнеја, што ја вклучува и Македонија. Триото, во „Фрајле“ е составено од вокално моќни, спонтани и шармантни дами, го преобразува секој  настап во незаборавно музичко искуство.

Нивната енергија и талент ја освежуваат публиката, а авторските песни и виртуозните обработки допираат до срцата на обожавателите. Со низа студиски албуми зад себе, „Фрајле“ не само што создаваат извонредни авторски творби, туку и се издвојуваат со виртуозни обработки на познати песни. Концертита на „Фрајле“ , предизвикуваат голем интерес и кај македонската пиблика.

„Фрајле“

На 16ти март ќе настапат во Македонската филхармонија. Дополнително, на 13ти март, концертот во Центарот за култура во Битола. На 17ти март во Домот на култура во Струмица, се закажани како несекојдневни музички настани кои не се пропуштаат.

„Фрајле“ гарантираат незаборавна вечер со стил. Јела, Нена и Ната ќе ги испеат  своите најголеми хитови и кавери:„Штиклице“, „Ich Liebe Dich“,„Ко се то мени заљубио“. „Три метера сомота“, „Имала је лијепу рупицу на бради“, „Моја пследња и прва љубави“. „Тамбураши“, „Фина, ја нисам тако фина“, „Мењам дане“, „Када се љубимо“, како и македонските „Јовано, Јованке“, „Во коси да ти спијам“.

Кога еден музичар или група изведуваат песна која е напишана и снимена од друга личност, таа изведба се нарекува кавер и како таква е изведена како трибјут или поинаку, како почит кон оригиналните изведувачи. „Фрајле“ го умеат тоа и со нивната вокална моќ го  дуплираат  респектот и восхитот, заедно со публиката.

Трибјутот е испратен во етерот. Наскоро ќе се манифестира. Уживајте!