Необична артистка – Ќе се изненадите од што се изработени нејзините цртежи!

На инстаграм сретнавме навистина автентична приказна и необична артистка. Станува збор за една девојка со име Алекс Демерес. Алекс е навистина извонредна уметничка. A тоа извонредно е всушност во употребувањето на необична техника што всушност ги избегнува правилата на постоечкиот уметнички кодекс. За да ги создаде своите дела, оваа артистка користи секакви материјали од влечки, чевли, метла, виљушка и што уште не.

Околу уметничкиот автентичен пристап, Демерес на својата веб страна, забележува:

„Создавањето, за мене e слобода и токму тоа чувство стремам да го пренесам во моите слики. За да го постигнам ова, давам значајна улога на случајноста и изненадувањата со примена на прилично непредвидливи техники. Навистина, употребата на секојдневни предмети, како што се метла, чевел или виљушка, не е правилен пристап… И понекогаш ме води на неочекувани места. Тоа е она што го сакам во оваа техника што ја развивам неколку години, а сега стана составен дел од мојот уметнички стил.

Во текот на ова интуитивно истражување, животинските субјекти се преклопени, апсорбирајќи ги текстурите и движењата на позадината за да создадат уникатен универзум, спојувајќи ја имагинацијата и реалноста. Ги поканувам луѓето да ги откријат моите уметнички дела преку креативниот процес и моите чудни техники, надевајќи се дека ќе ја поттикнам желбата за создавање без ограничувања и со целосна слобода!“

За повеќе разгледајте го нејзиниот инстаграм профил тука.