Пронајден е лекот за бесмртност? – Медуза што никогаш не умира, плови во океаните

Замислете си одново раѓање. Доколку направите грешка во вашиот живот, погрешен чекор, доколку сте се повредиле, замислете да можете да речете:,, Стоп ова не се важи! ” Или старетеете регуларно и потоа одеднаш се обн8вувате и се враќате на почеток. И така одново и одново.

Епа некому му се ,,паднало” , па од цела природа овие животни ја имаат таа среќа, привилегија да се вратат назад и одново да ги живеат и поправат работите.

Станува збор за медуза Turritopsis dohrnii. Имено таа се нарекува бесмртна медуза.
Овие животни, животот го започнуваат како ларви, пред да се најдат на морското дно и да се претворат во полипи, а дури потоа во медуза.

Но, како што кажавме, кога ќе станат ,,возрасни” тие имаат можност да се вратат на почеток и да ги ,,поправат” грешките.

Зрелите Turritopsis dohrnii можат да се вратат во состојба на полип доколку физички се повредат или гладуваат, а по закрепнувањето можат да се вратат во состојба на медуза.

На овој начин го ,,рестартираат” животниот циклус што е многу интригантно за научниците. За прв пат откриени на Карибите, овие медузи му пркосат на сите теории и го збунуваат човештвото. А и ние се прашуваме: ,,Дали можеби во длабочините на океанските води, се крие еликсирот на младоста?”

По наше сигурно го има, ама има висока цена.