Врвно музичко трио-уникатно музичко издание

Врвни македонски музичари со богата меѓународна кариера ќе настапат заедно во Филхармонија на 16ти фебруари во 19 часот и точно триесет минути. Со гордост ви ги претставуваме нивните имиња: Дуке Бојаџиев, Крсте Роџевски и Исмаил Лумановски. Се враќаат на музичката сцена по девет години пауза.

Триото ќе го претстави целовечерниот концерт со преработка на македонска изворна музика и секако, авторски композиции.

Дуке Бојаџиев е познат како композитор на филмска музика и пијанист. Соработувал со добитници на Оскар што сугерира на богата интернационална кариера. Дипломирал на Медицинскиот Факултет во Скопје, а потоа во музичкиот колеџ „Беркли“ во Бостон. Неговата музика е ползувана за светски кампањи на брендови како „Пежо“, „Лореал“, „Ланком“. Живее и работи во Њујорк.Има работено со артисти како Синди Лопер. Исто така, има настапувано во светски дворани како Карнеги Хол во Њујорк. Како и Авалон Театар во Лос Анџелес и Античкиот театар во Охрид.

Крсте Роџевски, публиката го познава како вокал и гитарист.  Неговата кариера брои  повеќе од 20ет години. „Соло“ кариерата му започнува во Битола која подоцна ќе добие музички формат со бендовите Фолтин и Љубојна. Неговата музичка страст и виртуозност е присутна во албумот „Љубовта е патот“ во соработка со Дуке Бојаџиев; филмовите „До Балчак“ на Столе Попов, „Сенки“ на Милчо Манчевски и „Војната заврши“ на Митко Панов. Пошироката публика го познава по соработката со Дуке Бојаџиев на неговиот албум „Љубовта е патот“ и филмовите „До Балчак“ на Столе Попов, „Сенки“ на Милчо Манчевски и „Војната заврши“ на Митко Панов. Има издадено шест оригинални авторски објави за дискографските куќи Much Prefer Records, MOD Reloaded, Point of Entry i Defkaz кои се рефлектираат на џез/фолк сцената во светот.

Исмаил Лумановски го познаваме како кларинетист кој со својата динамична виртуозност имал изведби со светски оркестри. Меѓу светските звучни музички имиња, се: Die Deutsche Kammerphilharmonie,The Berklee Middle Eatern Fusion Ensemble, New Julliard Ensemble, Geneva Camerata, Macedonian Philharmonic Orchestra. Дипломирал и магистрирал на на престижниот „The Julliard School“. Кларинетитстот го спојува духот на народната музика со дисциплината на класичната музика. Њујорк Тајмс за неговата изведба со Пјер Бузел, напишал: „солистот, брилијантниот и бестрашен кларинетист Исмаил Лумановски се усогласи со различни инструментални контингенти на големиот ансамбл.“

Ова ќе биде едно уникатно, музичко издание .