На 7ми Јуни „Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев како најнова балетска продукција на Националната опера и балет, ќе се одигра на сцената на Центар за култура Битола.
Приказната за „Пепелашка“ во модерна верзија е преточена во прекрасната музика на големиот руски композитор Сергеј Прокофјев, а со кореографија на гостинот од Србија, Александар Илиќ. Костимографијата е на Катерина Радошевиќ-Галиќ (Хрватска), сценограф е Филип Коруновски, дизајн на звук – Георг Драушник (Хрватска), асистент кореограф: Саша Евтимова и Мојца Мајцен (Словенија).
Настапуваат солистите: Христина Наќевска, Билјана Басмаџиева-Ковачевски, Мирослав Митрашиновиќ, Игор Веланоски, Саша Евтимова, Марија Јосифовска-Ристовска, Цветанка Максимоска, Ангела Богатинова, Ендру Кук, Кристијан Јангос, Драган Кочоски, Гала Кочевска, како и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.
Разбудете ја уметноста и бидете дел од градот на културата, љубовта, музиката. Градот кој самиот по себе е бајка за која треба да се погрижиме да го зборува она познатото:,,.. И си живееа среќно до крајот на својот живот! ” Единствената разлика помеѓу бајките и нашата реалност во градот на културата, е што Битола нема крај. Никогаш не би завршила, никогаш не би престанала.