Се сврти парето, се сликаја сите, се поду стомакО!Сега шо прајме?

парето

Се „сврти парето“, се изде мазникО се сликаја сите, се испи пијачката, се поду стомакО… Сега шо прајме?

Празниците беа и поминаја. Беше то луда еуфорија на социјални мрежи, на фотки… Пукаше играта со филтри и фотошопи… Ќе продолжи ли жевачката или послабо. Дали е до парето, парите или уште многу работи и многу пари „фала“ Богу?

парето
pareto

МајтапО на страна, ама сепак е мајтап. Предновогодишни со колегите, миничите, сакмето, десетката со кромид и ракијата. Заминвање по леб до на бакал, враќање во 6 сабајле од меана. Жените викаја, мажите по нивно. А и овие ја претараја. Сите ја претераја. И убо се провeселивме, ама прашањето е зошто да постои повод и зошто да се сакаме само тогаш?

Се сакаме доволно или се е то феик?

Ајде сега паник тастеро и на јако со хејтање, со говор на омраза, со туфкање, кукање… Лајчето в уста и на корзо со стотчето од мама и тате за на афтер ворк парти.

Се сврти парето, се сликаја сите, се поду стомако! Сега шо прајме?

парето