Соработката помеѓу Пума (Puma) и Coperni резултира со иновативни нови патики. Се случува редефинирање на границите на модата. Влијанието на технолпогијата си го прави своето. Инспирацијата е добиена од класичните Future – копачки на Puma.
Представениот модел 90SKR е опишан како „хибридна креација“ комбинирајќи два света-фудбал и мода. Истовремено е дизјниран според спецификите на фудбалска копaчка.
Овие нови патики на Пума, се достапни во бела, црна и жолта боја. Што се однесува до формата, горниот дел е мрежест и украсен со нетипичен четвртаст дел, логото на францускиот бренд Coperni и ко-брендирање на горниот дел.
Патиките, официјално ќе бидат пуштени во продажба на 19ти јануари преку веб-страницата на Coperni , а потоа во одредени продавници на 22ри јануари.
Реакциите на фотографиите од патиките даваат клучен збор: збунетост и истиот се движи кон израз на неодобрување.