На големо изненадување на една од најпопуларните серии во светот, ,,Сексот и градот”, ликот на Саманта Џонс, чија улога ја игра Ким Катрал, се враќа на екраните.
После бројните критики изгледа дека и режисерите, а и самата Ким се согласија дека Саманта е неминовниот дел од мозаикот на четирите девојки во чии ликови се пронаоѓаа и уживаа бројни генерации, девојки и жени. (Дали е претерано? Можеби, но токму тоа беше идејата на сценаристите, а публиката успешно одговори на нивната,, наредба”.)
Сепак, како што пренесуваат светските медиуми, Ким Катрал ќе ја повтори својата иконска улога на Саманта Џонс во финалето на втората сезона на серијата „И баш така…“, но таа ќе се појави само во една сцена.
Според изворите, Ким ја снимила својата сцена на 22 март во Њујорк без да ги види или да разговара со другите ѕвезди од серијата, вклучувајќи ги Сара Џесика Паркер и Мајкл Патрик Кинг. Во секој случај, во таа сцена Саманта, која во серијата се пресели во Лондон, ќе има телефонски разговор со Кери Бредшо.
Имено, во првата сезона на „И баш така“, Кери се допишуваше со Саманта, а во финалето тие две направија план да се видат за да се помират. Сето ова не значи дека Катрал целосно се враќа на овој проект. Сепак, враќањето на Саманта во која било форма, сигурно ќе ги израдува фановите на серијата.