ВИДЕО: Празничните традиции во Германија – Учениците од  Едукативен Центар Едусфера раскажуваат

Од неодамна нашиот портал „Разбуди се“, соработува со Едукативниот Центар Едусфера. И секако, како некој кој алудира на будење во свет на креативноста, гласно ја поддржуваме нивната идеја. Да научиме германски преку автентичен и забавен пристап. Уште кога тоа доаѓа од младите, навистина е предизвик. Имено, денес со вас споделуваме ново видео на учениците од едукативниот центар. Во овој празничен период, тие не запознаваат со празници и традиции во Германија. Погледнете го видеото и прочитајте подолу за што зборуваат.

ADVENT – WEIHNACHTEN – БОЖИЌ

Најголема радост за секој човек, а особено за децата е периодот околу Божиќ и Новата Година. Четирите недели пред Божиќ кога зборуваме за Германија и нивните традиции, се нарекуваат Адвент.

Домовите празнично се украсуваат, на масата се става Адвент – Венец – венец со четири свеќи. Секоја недела се пали по една од свеќите на венецот. Кога ќе се запали и четвртата свеќа – јасно е – Божиќ пристигнал! Децата добиваат Адвент календар – календар со 24 вратнички. Секој ден децата отвараат по една вратничка позади која се крие некое слатко изненадување. Децата си ги пишуваат Новогодишните желби и испраќаат писма до Дедо Мраз.

Во овој период фамилиите поминуваат време заедно, пијат топло чоколадо, а на децата им читаат божиќни приказни. Украси за домот може да се купат на бајковитите и интернационално познати Божиќни пазари. Божиќ во Германија се прославува во кругот на фамилијата на 25 и 26 декември.

традиции во Германија

OSTERN – ВЕЛИГДЕН

Кога зборуваме за празници, не смееме да не зборуваме за Велигден, кој во Германија се прославува со многубројни традиции. Кога помислуваме на Велигден во Германија, помислуваме на шарено вапцани јајца и многууу чоколада.

Die Ostereiersuche- Потрагата по Велигденски јајца – автентични или чоколадни е омилена помеѓу најмладите, а Eierpecken или кршењето со јајца е омилена традиција на сите генерации.

Велигденските јајца обоени со љубов и внимание се симбол на новиот живот кој се буди заедно со пролетта.

традиции во Германија

DER TAG DER DEUTSCHEN EINHEIT – ДЕНОТ НА ГЕРМАНСКОТО ЕДИНСТВО

Германија го слави обединувањето со државен празник кој го одбележува денот во 1990 година кога комунистичка Демократска Република Геррманија – Источна Германија се приклучи на Сојузна Република Германија, односно Западна Германија, создавајќи единствена германска држава првпат од 1945 година.

Oktoberfest – Ве носиме на едно патување во минатото! Ова една од познатите традиции во Германија, а сѐ започнало кога Прицот Лудвиг се оженил со принцезата Тереза. Сите граѓани од Минхен биле поканети на веселбата. За време на веселбата одлично се забавувале, па решиле веселбата да премине во годишна традиција.

традиции во Германија
Најинтересните факти за Октоберфест ги припремивме за вас!

6 Милиони посетители годишно доаѓаат да се забавуваат на Октоберфест.

Посетителите пијат околу 7 милиони пиво, количина која одговара на  173 полни базени.

Може да се погледне парада со традиционални германски носии.

Посетителите имаат можност да уживаат во традиционална германска музика и танц!

Келнерите можат да преносат до 18 кригли пиво истовремено.

Криглите за пиво се омилени сувенири на многу туристи!

Кожните јакни и пантолони и женската традиционална облека Дирндл се многу повеќе од модни комбинации.

Носењето на овие аутфити за време на Октоберфест е можност баварското наследство да се чествува и да се слави!