Урнебесно видео на Марјан Георгиевски или ко сите шо го знајме Марјан стендап.
Минатиот пат видовме дел од новогодишната атмосфера во,, неговата луда куќа”, а сега да го видиме остатокот. Погледнете го видеото, уживајте, а ако сакате и да ѕирните како сето тО изгледаше во очите на Саше прочитајте го текстот под видеото од маестралниот Георгиевски Марјан (стендап).
… И ете ти го ѕвончето.
На врата Мирето со Ицо мажот му се истопорија. Зела та некои сарми и ај ќе славиме. А мене дали до сарми ми беше. Ах бре Сашо бре. Како можев да се зацапам толку.
А Мирето сарми порачала од на фајсбук. Од некоја си,,Весна сарми”, профил на фајсбук.
Еве ја Жана ја. Цела недела за то збора. И на сестра му од кај кенгурите му кажва оти не знај да свитка едни сарми, а домаќинка се прај. И влегват сите наконтени, ајдеее нова година ќе славиме. Нема грешка. Лани попара се напраја со комшите сега сите на маса заедно се киселат. А јас патам, во патна состојба. Овенат таков никаков над ѕунѕурки.
Sreenshot од видеото/Марјан стендап – Епизода 9 Втор дел
И еве ја Жана уште на тетка ми од Австралија му раскажва колку жустро беше низ годините со гостиве.
Овие двата Ицо и Мира од различни партии. Еднио ќе бега од власт, другата иди. Ама Жана уште е разочарана од Ицо. Ништо за Милена не му поможил, не му завршил работа. Сега на Мирето се надева. Оти му обеќават оти директорка ќе ја клат. Ипуштија музика, Раде се напрај магија и се удри на патриотското. Сета да е, да не е… Нашата земја, вашата, источно, северно, јужно… Абре сето кашапопара се напрај…
Дрш не дај и Славољуб го чапна сајзеро. Со искуство.
Двајсе години ја имал водено желботеката на радио. Од срце пеј чоеко нема шо тука. Да се пеј да се рика. А јас плачам над елка. Тие пеат, јас тагувам. Немам кому да се радувам… Ах Сашо бре, тебе песна не те весели дете златно бре!
Се испрај и старата и та кутна некоја ракија. Жана и за то се изнервира. Не за ракијата ами оти како прва виолинистка во градо на времето, барем 100 евра да даеше државата за нега за неа. Ама то е.
И журката се префрли кај Каја в соба. Се мана уште по некоја и ете ти го ѕвончето. Нора. Мојата Нора. Цела лепршава бабуњосана во алкохолизирано издание.
Ама секси не знајш колку. Чудо нешто. Се изгушкавме се сторивме, си простивме. И дури ние си јадиме благи в детска од пакетчињата, ја слушам
Жана:,,Цец туку ќе ти велев… Да не имаш 500 долари, оти велите за кучиња скитници давате по улици?
Фала богу, ЦЕЦ напрај класичен ,,лефт Д конверзејшн” и толку од муабетО.