Book’s House со предлог книги – Време е за читачка треска!

predog knigi предлог книги

Постпразнично, кога ќе сакате навистина да се одморите од гости, со гости, забави, се разбира дека нема подобар предлог од книги. И ако сеуште сте тука, претпоставуваме дека веќе сте се визуелизирале. Вие, во вашето омилено катче, со долгиот плетен и топло џемпер и добра книга. Се разбира попатно, може и некој жежок чај или кафе. Време е за читачка треска, а еве што ни предложија нашите пријатели од Book’s House.

Овој пат на читачкиот репертоар, имаме две книги:

Ослободување – Али Мартинез

Фантастична љубовна приказна. Возбудлива и страници кои навистина ќе сакате да ги голтнете. Што треба да ја спречи љубовта? Дали воопшто љубовта треба да биде спречена? Милион прашања, извесни одговори, страст и воодушевувачки моменти кои авторот со извонредна автентичност ги потенцира во секој збор,секоја буква.

Имено, еве мал синопсис околу ова извонредна приказна, книга:

Главниот лик изразува постојана љубов кон Ремзи иако тој е во затвор. На седумнаесет години беше осуден е за убиство на човек кој ја силувал личноста која го чека да излезе на слобода. Со текот на годините се испречуваат различни предизвици, но љубовта опстојува.

„И по дванаесет  години го чекам да излезе низ затворските порти мажот кој што не го ни познавам…“

Нашиот втор предог книга е „Зимската роза“ – Мелани Добсон

Еве што вели интрото за оваа книга:

Грејс се враќа дома во Орегон со брат и сестра кои ги изгубиле родителите за време на војната (таа работи на проектот – спасување на еврејски деца од нацистите). Грејс и нејзиниот сопруг ги сакаат децата како свои, траумите од холокаустот го растргнуват семејството Тонкин...