На луѓето им треба сѐ повеќе хумор и забава – Интервју со креаторите на „Zezalica“

Zezalica

…И така продолжуваме да ја будиме убавата страна на светот. „Разбуди се“ поддржува креативни и инвентивни иницијативи. И кога целиот пакет ќе се вклопи во едно, секако позитивната енергија е неизбежна. Имено, стапивме во контакт со креаторите на Zezalica и меѓу редовите, во нашиот муабет се решивме да имаме соработка. Што повеќе позитивни луѓе, толку повеќе шириме оптимизам. Во ова денешно време, свесни сме за фактот дека неопходни се сѐ повеќе забавни содржини и нешто што ќе ја насмее нашата публика. Сигурно сте слушнале за страната на Zezalica, а за што разговаравме, прочитајте подолу.