Затвор и високи парични казни за оние кои го прославуваат Божиќ во овие земји!

bozik божиќ забранет

Замислете! Прославувањето Божиќ во овие земји е забрането! Жителите се соочуваат со ризик од затвор и високи парични казни

Од одредени верски правила, до специфични ограничувања. Ова се неколкуте места во светот, каде Божиќ не се дочекува со раширени раце и не значи дека е празник на радоста!

Од одредени верски правила, до специфични ограничувања. Ова се неколкуте места во светот, каде Божиќ не се дочекува со раширени раце и не значи дека е празник на радоста!

bozik божиќ забранет

Брунеи

Брунеи има сурова приказна. Тоа е земја богата со нафта, а султанот Хасанал Болкија во 2014 година прогласи забрана за прославување на Божиќ. Причината била што се плашел дека овие прослави би можеле да го „залутаат“ муслиманското население. Останатите луѓе од другите вери, ка христијанската, сепак можат да слават, меѓутоа во тајност, зад затворени врати, приватно и тивко. Инаку, следат високи парични казни. Крајната непочит кон оваа одлука на султанот е казната затвор.

Северна Кореа – прославата на Божиќ е целосно забранета

Во овој строг режим на Ким Џонг-Ун, прославата на Божиќ е целосно забранета. Освен што не го прославил Божиќ, Ким Џонг-Ун дури им наредил на севернокорејците да го прослават 24 декември како роденден на неговата баба. Секое прекршување на ова правило води до сериозни последици, вклучително и затворска казна или уште подрастични казни.

bozik божиќ забранет

Таџикистан

Божиќните веселби во ова место, станаа сè поограничени во изминатата децении. Дури и Дедо Мраз бил забранет на телевизија. Имено, забраните вклучуваа употреба на огномет, консумирање празнични оброци и давање подароци. Дури и поставувањето на новогодишни елки (живи и вештачки) било забрането во училиштата и факултетите.

Саудиска Арабија

Иако престолонаследникот Мохамед бин Салман олесни некои од построгите верски правила, прославите на Денот на вљубените и Ноќта на вештерките сè уште се забранети. Забраните важат и за членовите на партијата, владините агенции и универзитетите, а на социјалните мрежи често се споделува слоган кој повикува на бојкот на Божиќ. – вели изворот.

Кина

Кина е поделена помеѓу зачувување на традицијата и усвојување повесел пристап кон декември. Иако милиони луѓе уживаат во божиќните прослави, владата во некои области сè уште ги осудува ваквите собири, честопати повикувајќи на бојкот. Кинеската комунистичка партија ги ограничува членовите на партијата, владините агенции и универзитетите да уживаат во било какви божиќни прослави.

Сепак и Дедо Мраз не е добредојден во некои места. 🙁