Постојат неколку фази во животот во врска со фамозниот дедо со бела брада и црвена капа:
Првата е кога веруваш во Дедо Мраз
Втората е кога не веруваш во Дедо Мраз
Третата е кога го играш Дедо Мраз
А третата е кога за жал ти си Дедо Мраз или барем така изгледаш.
Ај сеа, подетално да си ги објасниме:
Како деца, до шест годинки, светот ни е на дланка само со поклонче од Дедо Мраз. Тик – так!
Од шест до оние ,,тиин” бубачки вака-така, сликата од дебелиот чичко со бела брада и црвена облека полека избледнува или се бриши низ сето она шо ,,на пати” си го викаме реалност. Во пубертетот има прва и втора и трета и четврта вечер славење! Се случуваат чуда. И можат да се издржат. Тик -так – тик – так…
Фундаменталниот предизвик на секоја тинејџерка е да ја најди љубовта на својот живот, али подеднакво важно е и оттргнувањето од идејата за принцот на белиот коњ. Тик – так тик – так… И додека младата ,,sweet sixteen” си клава рецки на срцето, младиот тинејџер си трга рецки колку ,,мачиња измувал” во неговиот филм и со сленг типичен за тие годинки се претвора во лошиот чичко Дедо Мраз фалејќи се: ,,Ја глеаш она сине. Ме сака!” Суштината е орденот! Наградата! Суетата и нејзиното константно пумпање. После првата љубовна корпа и клишето „депресија од неуспешната љубовна врска – безврска“, саатот отчукува осумнаесет годинки. Тик – так, тик – так…
Е од тука времето започнува да се ситни. Чудата престануваат! Магија има само во алкохолот, опиумот,седативот, а реалноста е се понеучтиво ,,чудесна” и досадна на свој начин. Тик – так…
Потоа следат долги врски, состаници, бракови, модерни разводи и деца на кои треба да им се докажи оти ,,постојат” чуда. Мажите кои претходно (не)верувале во ,,Санта” сега стануваат Санта. А жените знаат дека реална е само цената за руската, кифлињата и мевцето шо го зготвиле за Нова Година, како и нивните килограми.
Постојат ли чуда?! И не е ова прв пат да се запрашаме за нив. Постојат ли чуда или чудни сме ние?! Тик-так…Тик-так…