Ламбе Алабаковски оваа успешна музичка година ја заокружува со својата верзија на една од„Дејгиди луди млади години“. Песната е веќе пуштена во етерот. Имено, ова звучно име на македонската музчичка сцена, признава дека ова е една од неговите омилени песни.
Аранжманот е со потписите на Дарко Димитров и Никола Мицевски. Димитар Андоновски беше задолжен за виолините, додека Нина Јанева ги пее придружните вокали. Видеото, пак, кое носи една убава и емотивна приказна е снимено во националниот парк „Галичица“. Истото е потпишано од Зага продукција. „Песната е една од моите омилени. Морам да признаам дека стоеше спакувана во фиока околу 12 години. Некако ми требаше време и таа, но и јас да созреам. Ете некако сега мислам дека е вистинското време за да ѝ ја претставам на мојата публика. Но, и на сите оние кои ја сакаат македонската традиционална песна“, рече Ламбе Алабаковски на промоцијата во кафулето „Минт“ . Пејачот откри дека токму со ова песна сакал да ја заврши оваа успешна музичка година. Но истовремено, и го најави сето она што ќе следува во годината пред нас.
„Веќе се крчка новиот материјал, а мислам дека на крајот на следната година ќе ве поканам сите на еден убав концерт по повод мојот голем јубилеј – 20 години од почетокот на професионалната музичка кариера“, додава Ламбе.
Меѓу присутните на промоцијата на новата музичка верзија на песната „Дејгиди луди млади години“ од Ламбе Алабаковски, освен медиумите беа и голем број колеги и пријатели на Ламбе. Меѓу нив, се појавија Александар Тарабунов, Бојана Скендеровски, Николче Мицевски, Марија Спасовска, Мики Црнокрак, Иво Јанковски, Стефан Лазаров, водителот Димитар Атанасовски… Тие не го криеја задоволството од новиот проект, но и фактот дека публиката секогаш знае да го препознае квалитетот и дека кога нешто е добро – трае.