Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски со Честитка по повод 8 април, Меѓународниот ден на Ромите

Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, по повод 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите, упати честитка до сите припадници на ромската заедница.

„Овој празник, Меѓународниот ден на Ромите е ден посветен на подигнување на свеста за правата и културата на ромската заедница. Но, не само денес, туку во текот на целата година, општина Битола континуирано ја поддржува ромската уникатна култура, дава поддршка во образовниот процес и во останатите програми и содржини, согласно законските можности и делувања. Ромите се составен дел од нашето живеење, со еднакви права, можности и должности во нашата општина“, истакна градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, во својата честитка по повод 8 Април.

Деновиве, повеќе ромски здруженија, организираа голем број активности, одбележувајќи го својот празник, кога целиот свет ја одбележува ромската историја и култура.

[post_tags]