За сообраќајот, екосвеста, културата и проблемите во Битола: Градоначалникот Коњановски во ,,Брчиме со Дуле”

Битола во фокус! Разговор со градоначалникот Коњановски во ток- шоуто ,,Брчиме со Дуле”!

Во најновата епизода на ток-шоуто на каналот на Pomelo TV „Брчиме со Дуле“, специјален гостин беше градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

Битола во фокус: Како е да се седи на „најжешкото столче“?

Во текот на разговорот, градоначалникот беше запрашан како е да се седи на „најжешкото столче“. Коњановски во ток-шоуто ,, Брчиме со Дуле”, со самодоверба одговори дека тоа е огромна чест и задоволство… Но, и одговорност, особено во град како Битола – мултикултурен меланж со богата историја и динамична сегашност.

Една од клучните теми во разговорот со градоначалникот Коњановски во „Брчиме со Дуле”, беше квалитетот на животот во Битола. Со посебен акцент на сообраќајниот хаос.

Градоначалникот сподели дека е во тек изработка на сообраќајна студија… И дека се планира воведување на еколошки градски транспорт со точни возни редови. Нагласи дека автомобилите треба да се тргнат од централното градско подрачје… што е во согласност со мислењето на урбанистите кои работат на долгорочни решенија. Кумбата низ шега додаде дека Битола е „измислена за пајтони“, но факт е дека е потребна поголема регулација на паркирањето.

Bitola 4 ti Noemvri Битола 4ти Ноември

Коњановски ја допре и темата на култот што битолчани го имаат кон своите автомобили, нагласувајќи дека нема потреба возилата да се „кршат“ по тесните улички кога има паркинзи.

За негативните коментари вели дека го допираат, но и дека секој треба да помогне во подобрувањето на градот. „Ние си го пиеме кафето со часови на Широк Сокак, но во исто време треба да бараме решенија“, потенцира Коњановски, нагласувајќи ја координацијата со јавните претпријатија и надлежните министерства.

Еден од приоритетите е зголемувањето на зелените површини, особено во градинките, за децата да бидат во постојан контакт со природата. Градоначалникот Коњановски призна дека сообраќајниот хаос и недостатокот на ред во паркирањето, се меѓу главните проблеми кои би ги решил со „магично стапче“, доколку постоеше таква можност.

bitola-vo-fokus-razgovor-so-gradonachalnikot-konjanovski

Се дискутираше и за поставувањето на камери во градот како мерка против вандализмот – проект што е скап, но се работи на негова реализација, со можност за поддршка од Министерството. Најави и изградба на нова спортска сала во – Нова Битола.

Еден од најинтересните моменти од разговорот беше прашањето дали Битола може да биде независна од централната власт. Градоначалникот одговори дека тоа не возможно, но истакна дека локалниот патриотизам е нешто што може да се негува и развива. Повика битолчани што се иселиле да се вратат и да инвестираат во својот град, посочувајќи дека сите заедно можат да направат многу.  

За крај, домаќините приредија забавен тест за познавање на Битола. Градоначалникот одговори точно на пет од шест прашања, докажувајќи дека добро го познава градот. На прашањето дали повторно би се кандидирал, неговиот одговор беше интригантен: Имам волја, имам енергија,  – зависи, ќе видиме…“

пишува: Ромина Марковска

[post_tags]