Христијан Аџиоски во ,,Брчиме со Дуле”: Кога рапот и македонскиот јазик се спојуваат во уметност

Христијан Аџиоски: Човек-енциклопедија со микрофон во една рака и молив во другата! Во најновата епизода на Брчиме со Дуле, зад микрофонот седнува гостинот што со право беше најавен како „човек-енциклопедија“. Тој ве води низ светот каде што рапот и јазикот се спојуваат во уметност.

,,Брчиме со Дуле” – нова епизода!

Христијан Аџиоски е дел од легендарното рап братство Стиховно Војување. Уметничка екипа која далечната 2006 година во дворот на „Зодијак“ самата си ѕидаше студио. Со свои раце, со песна и со малтер. Со живи инструменти и силна визија, создадоа четири албуми… Дванаесет видеоспота (три режирани од Кумбата) и над двеста песни што експлодираат со стил и страст. Еден од нивните најсилни настапи останува запаметен – Exit Festival 2009, каде што енергијата беше нешто што не се опишува, туку се доживува.

Христијан Аџиоски во ,,Брчиме со Дуле": Кога рапот и македонскиот јазик се спојуваат во уметност

Денес, Христијан не е само рапер – тој е лектор, македонист, автор на пет книги, туристички водич и вистински познавач на македонските дијалекти и топоними. Тој е жив доказ дека рапот и граматиката можат да одат рака под рака. Неговата реченица – „Рапот е бедем на македонскиот јазик!“ – не е само став, туку и мисија.

hristijan-adjioski-chovek-enciklopedija-so-mikrofon-vo-edna-raka-i-moliv-vo-drugata
Христијан Аџиоски во ,,Брчиме со Дуле": Кога рапот и македонскиот јазик се спојуваат во уметност

Од Црна Река до Костур, ги знае сите говори. Го цитира Цепенков со леснотија и знае зошто реката е црна, а зошто птиците се враќаат назад. Со деца шета и ги едуцира, пренесувајќи љубов кон јазикот и традицијата како нешто свето и неопходно. А кога зборува за македонскиот јазик, неговата порака е јасна и силна: „Не зборувајте англиски ако имаме убав македонски збор – тоа ни е должност!“

Христијан Аџиоски во ,,Брчиме со Дуле": Кога рапот и македонскиот јазик се спојуваат во уметност

Слушнете го овој разговор – исполнет со знаење, хумор и срце. Затоа што вакви гласови не се слушаат секој ден.

пишува: Ромина Марковска

[post_tags]