Едукативниот центар Едусфера го прослави својот петти роденден
Едусфера е пример за образовна институција чиј професионален кадар и посветени работници комплетно се вложуваат во едукација и надоградување на знаењето во поглед на изучувањето на англиски и германски јазик. Низ интересни активности, уникатен концепт, часови и програма, Едусфера – eдукативниот центар, вложува во образовнието и воспитувањето. Имено тука се организираат хуманитарни акции со цел поттикнување на учениците на емпатија и солидарност. Покрај редовната интерактивна настава, учениците имаат можност да се вклучат во дополнителни активности кои секако ќе им овозможат развој на нивните интелектуални, но и социјални компетенции.
Иновативните перформанси, приредби и претстави се дел од програмата на Едусфера, а преку истите, учениците стекнуваат самодоверба, сигурност при јавен настап и секако на автентичен начин учат странски јазици.
-Нашите ученици покажуваат одлични резултати во и надвор од училишните клупи. Прогресот и успехот се неминовни кога се работи со љубов. – Вели Ана Жежовска, името кое стои зад оформувањето и комплетната организација на програмата и часовите во центарот.
На прославата на 16 Декември, по повод петтиот роденден на Едукативниот центар Едусфера, промовирана беше емисијата на германски јазик DEUTSCHLAND ERL(I)EBEN. Оваа емисија останува траен доказ за напредокот, знаењето и трудот на нивните ученици, а истата може да ја проследите на нашиот интернет портал Razbudise.mk.
Во продолжение погледнете ја првата епизода и секако подолу од видеото, прочитајте за што зборуваат учениците. Голем аплауз и наклон до земја за учениците, како и за посветеноста и уникатната идеја од страна на професорите. Разбуди се на Едусфера им го честита роденденот и ја продолжува соработката.
“Што ви паѓа на памет кога ќе кажам: Германија?” Фудбал, автомобили и Мануел Ноер. Гете, Шилер и Кант. Салата од компири со колбавчиња. Автентична германска архитектура. Бели чорапи во сандали. Грижа за животната средина и селекција на отпад. Скиење во Алпите. Карл Лагерфелд, Лудвиг Ван Бетовен, Рамштајн. Прекрасни божиќни пазари. Главен град на сојузната република Германија е Берлин. Берлин е голема метропола, мултикултурен град. Германија има 16 покраини. Најголемата покраина е Баварија, а најмалата Бремен. Германија е позната како земја на поети и мислители. Кој не ги знае Гете, Шилер и Кант? Јазикот, луѓето и традицијата ја прават германската култура единствена. Насекаде низ светот важат германците за дисциплинирани, организирани. Трудољубивоста за нив е една од фундаменталните доблести.
Се вели и дека германците се искрени, директни и немаат смисла за хумор. Но има околу 80 милиони Германци и секако не се сите исти!
Германците јадат колбаси, пијат пиво и прават леб со различни вкусови. Тоа не е стереотип туку апсолутен факт! Во просек јади секој германец околу 30 кила колбаси. Годишно. Постојат околу 1000 различни видови на колбаси. Bayerische Weißwurst се јади со сенф, а Currywurst само со кечап.
Во Германија има околу 1300 пивници и тие произведуваат околу 800 различни видови на пиво. Околу 250 видови пиво не содржат алкохол. Германците пијат пиво на Октоберфест, за време на Карневалот и секако после работното време. На здравје!
Едно од омилените јадења на Германците е секако компир салата! Со или без мајонез – тоа е прашањето?! Има многу различни рецепти за компир салата, а во првата епизода од нашата емисија ви подготвивме еден од нив. Едно е сигурно: компир салата е највкусна, кога се јаде со пријателите! Добар апетит!“