Едусфера-Едукативниот центар за странски јазици со инспиративна емисија во,,Разбуди се”

Познавањето на странски јазици, има ефект врз целиот наш живот.

Преку учењето на јазици доживуваме посебно искуство, трансформација која како индивидуи не доближува до различни светови, традиции, култури. Финишот го краси делото и знаењето не доближува до моќта. Но, вистинската моќ е всушност токму патот кој го чекориме до целта. Како ќе го совладаме материјалот и колку може тоа да биде тешко или пак забавно.

Едукативниот Центар Едусфера е центар за странски јазици кој токму преку таков автентичен пристап, ни го отвара тој свет. Свет каде знаењето е ексклузивна можност што ја совладуваме преку забавно учење.

Покрај интерактивната настава, во ова катче, на учениците им се нудат и креативни иницијативи. Работилници и проекти, преку кои децата ги негуваат индивидуалните таленти, а истовремено стекнуваат и нови вештини и способности.

Со посебен фокус кон љубовта кон она што го работат, овде ќе сретнете професионалци кои своите ученици ги учат на толеранција, емпатија, хуманост.

,,По повод петтиот роденден на Едукативниот Центар Едусфера, решивме да создадеме нешто што ќе остане. Нешто што ќе ги афирмира знаењата, умеењата и талентите на учениците.” – велат пофесорите и во истиот контекст, додаваат:

-Решивме да создадеме нешто што ќе остане и што ќе го покаже нивниот прогрес и напредок, а ќе инспирира и други деца и тинејџери да го изучуваат и да го зборуваат германскиот јазик. Во неколкуте епизоди од емисијата Deutschland erl(i)eben зборуваме за познати германски личности, градови кои несомнено треба да се посетат, германска музика. Создадовме наша Берлинска азбука, за автентично да го доживееме Берлин, а ќе ви откриеме и што е типично германско!

Во пресрет на Новата година и Божиќните празници, дознаваме и како се прославуваат германските празници и откриваме занимливости од германската традиција!

Имено, во емисијата учествуваат  75 ученици од Едусфера. Некои од нив се дел од едукативниот центар од самиот почеток и го изучуваат германскиот јазик веќе петта година, а некои се тука за прв пат, но сепак се охрабрија и зедоа дел од оваа креативна иницијатива.

,,Разбуди се” ја поддржува идејата на Едукативен Центар Едусфера и ја промовира иницијативата. Оваа емисија е уникатен проект, со неограничен ентузијазам и крик кон знаењето, кој веруваме ќе ја умножи желбата за моќта што би ја стекнале од учењето јазици.

Светот може да ви биде на дланка. Ваше е само да го откриете вистинскиот начин како до тоа патување.