Цепиме култура, а пет-шеснајсе души кучиња си лат одоколу! Се прајме на трИпол и рецка не му маваме на џебО. А ваму, слушаме филхармонии, виолини… Изиграваме некои стајлиш во селото! Епа сеа тро и да се искамфузи работата! Малку и лошата страна на „г(Р)адо над г(Р)адовите“. За шундО и кичО веќе е табу… И оти си цепи и та страна, знајме одамна…
Драмиме, хејтаме и уште се палиме на црни хроники. Протестираме и контрапротестираме! И уште ни се криви комшите, уште ни се криви Петко и Трајко шо се гибат низ гужва и оти „шо е бе шо треба“ јак ни е уште муабетО.
21ви век и Чет џи пи ти. Луѓето на месечина хотели градат, а ние уште од кај Мара кај сатО од ,,скопскиО” сладолед зеаме и редици чекаме.
21ви век и сингл чоечињата кулират, а ние уште:„Време ти е кога мислиш да раѓаш!“.
21ви век и уште со книшки нѐ вработват, со сендвичи не лажат, уште се вадиме со муабетО „Не е до мене до други е… Иначе одма ќе ти завршев работа“!
Али Широк Сокак крцори со танки штикли, скапа патика, бренд цвикера. 21 век и уште се мота лајчето од кафето низ уста и се ,,снима” и чачори за Марето на Фиљан шо се изматуфила од ко ја изневерил со најјаката во Битола.
21ви век и уште се нејќиме, нејќиме да се сакаме, засакаме и да олабајме. Напнато да е само и пушти ја песната кукајца и не јај дур тера оти сак да ја снима!