Слушнете ја потсвеста – Што кога сонувате змија?

sonuvate zmija сонувате змија

Кога твојата потсвест режира „блокбастер“ – Што кога сонувате змија?

Соништата скоро секогаш алудираат на фактот дека треба да ја слушаме нашта потсвест. Што ако сонувате змија?

Од кошмари со зелена змија до сензуални интриги, вашата потсвест режира во џунглата на мислите.

Ако сонувате змија како вистински кошмар, сте го снимиле насловот на филмот кој се вика „Идентификување на потенцијалниот извор на стрес“.

Ова во превод би значело дека треба да го идентификувате чувството кое го имате додека го сонувате ова животно. Според тоа, моете да откриете кој е основниот проблем во вашиот живот кој ви носи стрес.

сонувате змија

Ако сте сонувале змија како токсична личност, филмот е насловен вака :„Додека змиите ти шетаат низ дворот“.

Доколку станува збор за кошмар во кој се чувствувате апсолутно непријатно, имате тегоби и мачни чувства во соништата, толкувањата велат дека голема е веројатноста во вашето опкружување да имате токсична личност која ви ја црпи енергијата и веќе е при крај со неговата злобна цел. Внимавајте и излезете од тој токсичен круг!

Можеби сте сонувале повеќе змии, тогаш обновете го сценариото на текстот „Време е за систематски преглед“.

Повеќе змии, значат повеќе токсични луѓе во реалноста околу вас, но и повеќе токсични ситуации. Според верувањата, ако сонувате повеќе змии, се вклучува здравс5твениот аларм. Време е да посетите доктор и да се грижите повеќе околу вашето здравје.

Ако на сон сте се исплашиле од змијата која каснала некоја ваша блиска личност, време е за режирање на филмот со само двајца актери- „Ти и човекот што го сакаш.“.

Превод – Во реалноста некоја блиска личност се соочува со проблем. Но, голема е веројатноста токму вие да сте го направиле тој проблем. Свесно или несвесно направена грешка, решете ја и задржете го тој пријател! Преиспитајте ги своите постапки и поправете го односот. Време е за самокритика и преиспитување на вашето его и постапки.

Змијата пак која го каснала непријателот во вашиот сон и не е баш некој кошмар. Ќе се трансформира во „Повторно пријатели!“

Ова всушност ја објаснува вашата намера кон некого. Посакувате некоја извесна одмазда или можеби сакате да го употребите зборот како куршум кој ќе го погоди вашиот непријател. Потсвеста ви укажува на фактот дека чашата е прелиена. Но, истовремено значењето на овој сон вели дека можеби едноставно посакувате да бидете искрени и да и кажете на таа личност што чувствувате со цел да го решите проблемот. Можеби ова значи дека доколку го направите чекорот, ќе го обновите пријателството и ќе започнете од почеток.

Сензуалниот сон со змија, ќе го претстави филмот „Со силна енергија во новиот ден“.

Змијата понекогаш ја претставува и машката енергија. Ако вам ви се допаѓа некоја личност во реалноста, во соништата е невозможно токму таа личност често да ви се појавува. Макар и во облик на змија!

Ете толку. Време е за акција, камера, КЛИК! Во превод, време е да ја следите вашата потсвест и да слушате што има таа да ви каже и советува.