Само за оние од „високата“ класа или барем оние кои знаат да сонуваат и да се чувствуваат така! – Ресторан во Дубровник со ѕвезда Мишелин
Со ѕвезда Мишелин, секој би сакал да посети ваков ресторан чија локација е Дубровник. Високо квалитетно готвење, вреди да се вкуси! Производите на Далмација се незаменливи. Сонцето, солената вода, бурата на ветерот го оживува секој плод што доаѓа на трпеза. Од најслатки цреши во округот на Задар и фантазија од месо и млечни производи во Шибеник – Книн, до неповторливи речни ракови и печурки од шумите на Сплит. Вината пак, се посебна приказна, а маслинките додаваат нијанса на секој спектар на бои во далматинското јадење.
Ако патот ве донесе и во Дубровник, ќе наидете и на едно посебно место кое е вброено во топ 25 ресторани во Европа. Овде, модерниот јадрански вкус во далматинската класика е обработуван низ француска техника. Ќе најдете јагнешки конфит (храна која се готви во маснотии) со фава (цветно растение од семејството – грашок). Морков со ферментиран крем од лук и борови ореви. Популарната мантала од Дубровник (густа торта направена од шира) со мус (пена) од кисел портокал. Потоа на менито следи бисквит од рогач (цветно дрво од семејството на мешунките) и сладолед од мантала.
Овој ресторан во Дубровник е насловен како 360 и е со ѕвезда на Мишелин. Лоциран е на наследството на УНЕСКО, градот Дубровник во амбиент на средновековни камени ѕидови. Ѕидови како дел од неговата суштина кои можеби ќе ви раскажат и за некои минати гастрономски уживања.