Зошто треба да го живееме сегашниот момент?
Животот е синџир од моменти и секој момент има потенцијал да биде уникатен. Затоа треба да го потполниме со емоција за да ги доживееме предизвиците.
Реално, постојат концизни причини зошто треба да се фокусираме на овој момент. Ајде да го разгледаме сеој аспект:
Неповторливоста на моментот
Не можеме да ги вратиме минатите моменти, ниту да ги предвидиме идните. Затоа да цениме и уживаме во она што го имаме „сега и овде“.
Привлекување на позитивни сегменти
Ако сме фокусирани на моментот, се открива убавината на секоја појава било тоа да е природа, уметност, луѓе… Боите се посветли, мирисите стануваат поинтензивни, звуците, појасни. Овозможувајќи си време да го искусиме моментот, отвораме простор за внатрешно задоволство.
Способност за прилагодување
Животот е неизвесен и оттука прилагодувањето не е само реакција кон промените туку и активен процес на усвојување и трансформација. Искуственото доживување на сегашниот момент ќе нѐ оспособи да го видиме животот како континуиран поток на промени што може да не обогати во духовна смисла на зборот.
Способноста за поврзување со другите
Кога сме целосно присутни во активност или разговор, задоволството и уживањето е поголемо од причина што забораваме на минатото и не се грижиме за иднината.
Способноста за лично растење
Секој момент носи потенцијал на поука за градење на посилна врска и со себе и со средината во која живееме.
И не би рекле и конечно, зашто најверојатно допрва ќе ги откриваме бенефитите на сегашниот момент кои во моментот ни се чинат дека се присутни „само“ во оваа форма и содржина. Допрва, во долгорочна перспектива, може да откриме дека емоционалната радост што ја носи секој еден момент е нешто што се надградува со време и постојан труд.