„Во овие доцни часови ја одјавувам првата сезона на YUGO“ – напиша сношти Мими на неговиот фејсбук профил.
После одличните видеа, Мими предизвика вистински интернет земјотрес. Ја поздравуваме идејата и секако ги чекаме новите емисии и втората сезона.
„Благодарност до сите гости кои учествуваа во југото“ – напиша Мими поздравувајќи ги сите чоечиња шо издржаја под „рачната“ клима. За наредна сезона, од сигурни извори, Мими си спрема јак материјал, убај љуѓенца, познати фаци. Останва да го чекаме југото пак да ни збрчи пред екраните. Ќе се претерат уште многу познати, естрадни уметници, актери, танчери… А дали ќе ја попрај климата и како ќе издржат Натре, е то не знајме. За крај уживајте во измонтираниот материјал и сите објавени и необјавени снимки, како и најинтересните моменти.
„Благодарност и до пријателите на Југотo кои ја подржаа оваа сезона. Да залади малку, да завршат одморите и на есен се гледаме со втората сезона на Југото. А како последно видео ги издвојувам сите интересни моменти од гостите во Југото, како објавени, така и необјавени снимки“ Инаку, честа да бидат дел од ова шоу беа следните гости. (Глупо е да не ги спомниме. Ти пол сат да снимаш без клима, дрн дрн по улиците наши пренајшубај… нема смисла : – ))
Поздрав дo јунаците:
Христина Јовановска, Кики Плиш Софија Ристевска – Најмилка, Зоран Паљо Лазаровски, Никола Пројчевски, Александар Златановски, Ламбе Алабаковски, Никола Тргачевски – Кумба, Драгана Спасевска – Заги Кловн, Виктор Апостоловски, Маја Андоновска Илијевски, Марина Коруновска, Жарко Стојкоски, Никола Аврамовски, Иван Чулакоски, Кристина Кики Серафимова, Дуле Груевски, Неда Маретиќ, Марија Станковска, Aleksandar Mathers, Владимир Блажев – Панчо, Иванчо Тошевски, Вероника Жежовска, Јове Јоцо Ѓорѓиевски, Борче Корлевски.