Под мотото „Биди своја“, вчера вечер во Битола се одржа првата женска ноќна трка.
На ,,Биди своја” навистина беа СВОИ над 200 девојки и жени и ја почитуваа пораката што се криеше зад насловената трка:,,Во преносна смисла и кога губиш и кога добиваш, во животот секогаш биди своја! “
Следејќи ја оваа порака на Маја Атанасовска, имено организатор на трката, припадничките на понежниот пол, енергично и борбено во име на спортскиот дух и достоинствено и гордо, (би рекле во битолски mood,) се движеа кон целта. Оваа натпреварувачка трка со моќна порака, ја имаше својата стартно-целна местоположба што секако беше пред споменикот на Стив Наумов. Каде ако не… на Широк Сокак. Затоа што секоја приказна започнала од Широк Сокак. Барем за битолчани.
Имено, „Бори се за целта“ е спортското здружение кое го креира настанот, а Атанасовска како организатор, додели признанија и благодарници, најавувајќи дека оваа женска трка ќе стане традиција во нашиот град.
Имено на трката од 5 километри,
најбрза битолчанка беше Билјана Сивева, а на победничкото место се искачи Марија Пеликон
(припадничката на Македонската армија)
со време од 21 минута и 53 секунди.
Новото искуство, адреналинот и пораката, го направија настанот за паметење, а со ова, меѓу другото, Битола уште еднаш докажа дека е спортски град со силни девојки и жени кои никогаш не се откажуваат од целта!
Фотографии на: Сашо Ставрев