„Железно небо“, театарскиот моноспектакл на Марјан Георгиевски вечерва на репертоарот на Народен Театар Битола

претстава Железно Небо на Марјан Георгиевски

„Железно небо“ е насловот на претставата што ве чека вечер во 20 часот! Имено, ова е авторски проект на Марјан Георгиевски, кој заедно со Александар Димовски, го создаваат овој “cinema theatre”. Користејќи повеќе алатки кои ги пружа театарот и филмот, се создаде театарски моноспектакл.

Доколку ве копка што ќе гледате…

марјан георгиевски

Во описот за „Железно небо“ на фејсбук профилот на Народен Театар Битола, е запишано: „Ова е приказна за еден балканец. За сè она што што му е обесено на вратот. Неостварените мечти, „зацапаноста” во малограѓанштината, соништата кои не можат да се остварат. За тоа кога сме притиснати до ѕид – како животни, кога немаме друг избор освен да го земеме животот во сопствени раце.
За бегањето од сопствените корени. Како е да се сонува со џебови полни камења?
Пред недела дена мислев дека имам совршен живот, а денес сакам да си излезам од кожата!“

Вечерва, 21.09.2023 г. со почеток во 20.00 ч. „ЖЕЛЕЗНО НЕБО” на Марјан Георгиевски.

Игра: Марјан Георгиевски
Гласови:
Јасмина Василева
Марко Богдановски
Марија Стефановска
Невена Ѓаковска
Костим: Благој Мицевски
Дизајн на звук и музика: Александар Димовски
Видео оператор: Владимир Переловски
Фотографија на плакат: Сашо Илковски
Премиерната изведба се случи на 12.12.2022 година.