„Татко на татковината“, е претстава во адаптација на „Кралот Иби“ од Алфред Жари. Истата е во режија на Иван Пеновиќ и вечерва повторно ќе биде изведена на сцената на Битолскиот театар.
Главната улога ја толкува Никола Пројчевски. Играат: Викторија Степановска-Јанкуловска, Мартин Мирчевски, Марјан Ѓоргиевски, Сандра Грибовска-Илиевска. Сцената не би била цеосна и без познатите актерски имиња на Никола Стефанов, Борче Ѓаковски, Александар Стефановски. На маестралните Петар Горко, Соња Ошавкова, Филип Мирчевски и Иван Јерчиќ.
За описот на претставата е запишано:
– „Татко на татковината” е адаптација на култната драма на Алфред Жари. Истата дејствието на драмата, го сместува во механизмот на телевизиски програм. Тој од своја страна пак, е поставен на театарските штици. Оваа „претстава во претстава“, ги доведува во судар двата света, оној отворено фиктивниот и оној што се преправа дека не е тоа. Во таа хаотична средба гледаме приказна што речиси со детски јазик ги отвора прашањата за идентитетот, како индивидуалниот, така и колективниот. Мама и Тато Иби го покренуваат дејствието во оваа претстава преку незаситното барање внимание, поставувајќи го чувството за припадност како основа во формирањето цврст идентитет.
Зад сценографијата се потпишува Валентин Светозарев, костимографијата е на Благој Мицевски. Музиката е на Филип Триплат и Карло Мркша. Превод од хрватски јазик – Сузана Брезовец.