Смарагдот на нашата земја, градот со грандиозна историја, величествени споменици и афтентична архитектруа секогаш е инспирација за одново создавање на уметност. Штом сме кај неа, овој пат зборувме за уште еден настан што ќе се слушне низ чаршиските охридски уици.
Имено, на платото пред НУЦК Григор Прличев на 14.06.2023 година со почеток од 20:00 часот, ќе се одржи вториот по ред ЕТНО ФЕСТИВАЛ ОХРИД 2023.
Здружението АРТ Пријатели од Охрид се потпишува како организатор на овој интересен настан, а истиот е поддржан од Општина Охрид. Под истиот наслов на албумот: ,,ОД КОЛЕНО НА КОЛЕНО”, гласи и концертот.
Со нова модерна нишка, ова е уште еден нов музички проект во светски размери. Позитивната енергија, мислата дека Македонија е уметност преточена и во музика се нешта кои ги инсирираат младите генерации да ја негуваат македонската музика. Да уживаат во специфичните ноти и афтентична музика која може да се најде само во нашата музика и песна.
Истоимениот албум ОД КОЛЕНО НА КОЛЕНО е нов музички етно проект (албум) на Александар Јовевски на кој базата е македонскиот фолклор, традиција и идентитет, и е проект од национален интерес за РСМ.
Повеќе професионални музичари ќе не доближат до еден посебен универзум и низ звуците на кавал, тамбура, канон ќе уживаме во музиката на професионалните музичари и женски вокали, а сетоа тоа ќе брилира заедно со пропратни клавијатури.
На носачот на звук ,,Од колено на колено” се застапени 4 обработки на стари македонски изворни песни како што се Бај Никола , Изникнало криво крувче, Сношти го видов мамо мори убавото Стојне, Ајде мала Стана болна легна. Meѓу другото, има и авторска музика, шест авторски композиции творени во духот на македонската традиција, но со нов музички израз и тоа : Tамбурски вез, Кавал гали, Игра на инструментите, Длабочина, ЈовАнина и Александров танц. – велат од Општина Охрид и додаваат:
-Покрај тоа што Александар Јовевски е музички лидер на етно составот Монистра и е дел од речиси сите етно проекти во државата, со овој негов нов проект ,,ОД КОЛЕНО НА КОЛЕНО”, ќе допринесе со уште еден квалитетен музички бисер и нормално музички материјал, за претставување на нашата македонска песна и оро во државата , но и надвор од неа, како и претставување на народните инструменти кавал, тамбура, канон.
Музичарите кои стојат зад овој грандиозен музички проект кој ја негува традиционалната музика се: Александар Јовевски – композитор, аранжер и инструменталист (кавал, тамбура) Ратко Даутовски – перкусии Горан Гешовски – бас Филип Михајловски – канон и тамбура Габриела Новевска – вокал Елена Андоновска – вокал Мартина Максимовска – вокал Гордан Спасовски – пиано